Започнаа преговорите помеѓу Кери и Лавров во Лондон

Почнаа преговорите меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Лондон, пренесе „РИА Новости“.

Средбата се одржува во резиденцијата на американскиот амбасадор во Велика Британија и е затворена за медиумите.

Се очекува двајцата дипломати да разговараат за начините за надминување на кризата во Украина.

Вчера рускиот министер за надворешни работи разговараше за ситуацијата во Украина во текот на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар. За време на расправата Русија ги претставиле своите предлози за нормализирање на ситуацијата и обезбедување на мирот во Украина.