Започнува проектот „Градиме мостови“ како поддршка интегрираното образование во Македонија

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, заедно со заменик министерот за образование и наука, Сафет Незири, шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет и амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото ќе одржат прес конференција на којашто ќе најават отпочнување на нов проект „Градиме мостови“, како поддршка во унапредувањето на процесот на интегрирано образование во земјата.