Телекомуникацискиот оператор ОНЕ со својот бренд ЏаБест застанува зад првото официјално државно првенство во 3Х3 кошарка. Најпопуларниот рекреативен спорт на планетата, со преку 250 илјади играчи ширум светот, а од годинава и официјален олимписки спорт, во Македонија за прв пат во организација на Македонската кошаркарска федерација, а спонзориран од ОНЕ добива димензии на официјално државно првенство.
Квалификациските турнири кои ќе се играат во рамките на првото “ЏаБест Државно Првенство во 3Х3 кошарка” започнуваат овој викенд со натпревари во Штип и Битола, а продолжуваат следниот викенд во Скопје. Првото “ЏаБест Државно Првенство во 3Х3 кошарка” е сениорско, а него можат да се пријават сите пасионирани рекреативци, но и професионалци над 18 години кои ќе формираат екипа од 3+1 играч. Детален распоред на натпреварите, апликација и пропозиции за учество на www.basketbal.org.mk
Најдобрите екипи ќе учествуваат на Супер Финалето кое ќе се одржи на 26 Април во Скопје, а по Супер Финалето, победничкиот тим на првото ”ЏаБест Државно Првенство во 3Х3 кошарка” ќе биде пријавен да учествува на FIBA WORLD TOUR CHALLENGER. Низ натпреварите ќе се спроведе и рангирање на најдобри поединци, кои ќе имаат можност да бидат дел од првата 3Х3 репрезентација на Македонија (мажи и жени) со право на учество на првото 3Х3 Европско првенство во септември во Букурешт, Романија.
За екипите кои ќе обезбедат пласман во Супер Финалето, МКФ и ОНЕ обезбедија вредни награди: вредносни ваучери за спортска опрема, влезници за натпреварите на Македонската кошаркарска репрезентација од Квалификациите за ЕП во Скопје и официјални маици од Репрезентацијата за секој член на екипите.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ е долгогодишен поддржувач на македонската кошарка и компанија која знае да препознае спортски потенцијали. ОНЕ е генерален спонзор на првото “ЏаБест државно првенство во 3Х3 кошаркa” со уверување дека истото ќе прерасне во традиција, а од него ќе произлезат врвни спортски екипи и поединци.