Припадниците на специјалните сили на руската војска заробиле укрански националисти го биле вклучени во изживувањата и мачењето на заробените руски војници, изјави во вторникот Владимир Шаманов, земник-претседател на парламентарната комисија за развој на граѓанското општество, за јавните и верски здруженија.
Шаманов ова го изјавил во текот на тркалезната маса „Светските традиционални религии против идеологијата на нацизмот и фашизмот во XXI век“ која се одржува во Москва, и според него „оние кои се изживувале над заробениците, не се радувале долго“.
„Три дена подоцна, нашите специјални сили ги заробија овие …“, изјавил Шаманов прецизирајќи дека станува збор за радикали од навивачката група на украинскиот фудбалски клуб Металист од Харков.
Пред неколку дена на интернет беа објавени снимки на украинските крајни десничари на кои се гледа изживување и брутално однесување со заробените руски војници, што предизвика жестоки реакции во Русија и зголемена поддршја за воената операција во соседна Украина. На снимката конкретно се гледа како руските војници иако се заробени се застрелуваат во нозете и не им се пружа соодветна медицинска помош. Исто така, се појави и грозоморна снимка на кој заробен руски војник е распнат на крст и запален, но веридостојноста на таа снимка не е потврдена.
За првата, пак, беше идентификувано дека се случила во една од базите лрак Харков во кои се сместени единиците составени од припадници на крајно десните движења во Украина, кои се вклучени во украинската армија како Национална гарда и се најдобро вооружените и веќе осум години увежбувани од воени инструктори од западните земји.
Руското министерство за одбрана соопшти дека сите вмешани во мачењата и изживувањата со воените заробеници ќе бидат жестоко казнени. Челникот на руската Истражна комисија, Александр Бестрикин нареди да се утврдат сите околноси за инцидентот и да се соберат докази. На истрата за овој случај со кој се кршат правилата и прописите за однесува со воени заробеници, повикаа и во Обединетите нации.