Во мојата последна колумна му се обраќам на бугарскиот министер за надворешни работи Милков кој беше амбасадор на Бугарија во Букурешт и каде имавме комуникација, вели Благој Зашов, поранешен амбасадор, во Студио 10 на ТВ24.
-Јас од Милков очекував нешто друго, мислев дека ќе се однесува како дипломат и ќе се обиде да се најдат дипломатски а не политички решенија со Македонија. Тој е искусен дипломат и моите очекувања беа дека ќе ја смири топката. За мене е неприфатило тоа што го нападна нашиот претседател. Милков може да разговара со својот колега Османи, но не и во тој тон да му се обраќа на претседателот, вели Зашов.
Инаку, Милков доаѓа на позицијата министер за надворешни работи на Бугарија од позицијата амбасадор во Франција.
-Како амбасадор сум имал посебна почит кон амбасадорите од соседните земји. Со Милков долги разговори сме воделе за Балканот и сега и во минатото. И ние се разбиравме и за причините и за последиците од тие три војни кои Бугарија ги водеше и ги изгуби оти беше на погрешната страна, вели Зашов.
Но, причината зошто Бугарија постојано била на погрешната страна во војните е Македонија, односно Бугарија била на страната на оние кои ѝ ветувале дека ќе ја добие Македонија, вели Зашов.