Украина под засилени безбедносни мерки ќе го одбележува Денот на победата 9 мај.
Украинскиот премиер Aрсени Јаценјук вчера изјави дека се сомнева оти рускиот претседател Владимир Путин планира некаква форма на судир за да се дискредитира Киев како земја која го слави 9 мај-годишнината од поразот врз нацистичка Германија во 1945 година.
Јаценјук оваго кажа откако про руските сепаратисти во источна Украина објавија дека ќе се одржи референдумот за самоопределување на 11 мај и покрај повиците на Путин да го одложи. Портпаролката на шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека референдум не треба да се одржи ниту на 11 мај или било кој друг подоцнежен датум. Американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс рече дека Русија е на опасен и неодговорна пат и оти ситуацијата во Украина е исклучително запалива.