![la mans tunel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/la-mans-tunel.jpg?resize=641%2C640&ssl=1)
Вкупно 32 работници биле затруени, а се сомнева дека тоа е предизвикано од јаглерод моноксид, додека работеле на тунел под Ламанш.
Околу 60 работници се вклучени на промената на шините на линиите меѓу францускиот град Калеа и британскиот Фолкстоун.
Иако постојат сомневања дека јаглерод моноксид е причина за труењето, операторот „Евротунел“ соопшти дека не се регистрирани големи количини од овој токсичен гас, кој што го следат со помош на 20.000 сензори во тунелот.