ВМРО- ДПМНЕ: Конфузното СДСМ ја манипулира јавноста кога се’ е документирано и јасно

Конфузното раководство на СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста во случај каде се е документирано и чисто, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно, СДСМ очајно се обидува да ја дефокусира јавноста од тендерските скандали поврзани со нивниот лидер Зоран Заев, креирајќи лажна перцепција и вештачки случаи. За случајот со генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, дури и СДСМ вчера призна и е свесна дека нема ништо незаконско и дека овој случај го користи само за да го оттргне вниманието од скандалите поврзани со нивниот лидер Зоран Заев. Податоците за имотната состојба на г-динот Кирил Божиновски се јавно достапни и апсолутно немаат никаква поврзаност со семејната заедница на неговите родители во која веќе две години тој не живее. Додека, промената на брачниот статус на Божиновски е верификувано од надлежните органи за кој постоти валидна документација“, стои во писмената реакција.

Од СДСМ, како што се наведува во соопштението, се лажат дека со вакви монтирани случаи ќе успеат да го прикријат нивниот лидер Зоран Заев и дека јавноста ќе ги заборави скандалозните тендери во Струмица.