Затворен домот „25 Мај“, децата згрижени во мали групни домови

Сите 25 деца од ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови, меѓу кои е куќа во скопската населба Хром, а министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека нема да дозволи околните жители да ја спречат деинституционализацијата на децата.

Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постоечкиот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги прилагодуваме условите согласно потребите на оние за кои треба да се грижиме, наместо да ги прилагодуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока, рече Царовска.

Според неа, кога се барале локации за изборот на 5-те куќи земени по закуп важно било да бидат во населено место.

Домот за згрижување за деца „25 Мај“ нема да се урне и ќе остане админситративен центар и поддршка на малите групни домови