Избувна пожар на само неколку метри од граничниот премин „Богородица“ од грчата страна. Во моментов, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР) во прекин е сообраќајот преку овој граничен премин.
Први на терен пристигнале пожарникарите од Гевгелија, со цел да интервенираати да не се прошири пожарот и на македонската страна од границата.
Од грчка страна, пак, како што пишува грчкиот весник „Прототема“, на терен се 22 пожарникари и 10 возила.
„Патот кон граничниот премин ‘Евзони‘ е затворен, а сообраќајна полиција го пренасочува сообрајот“,пишува весникот.
Според информации од грчките медиуми, гори ниска вегерација, со шумски делови.
Според фотографиите на социјалните мрежи, се гледа како колона од возила се заглавени на граничниот премин. На нашиот граничен премин, како што велат тие, границата не е во функција, а вработените се евакуирани. Колоната на возила, велат, е речиси до Гевгелија, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.
Од МВР ги известуваат граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчката страна, во прекин е сообраќајот преку граничниот премин „Богородица“.
„Се преземаат интензивни мерки гасење на пожарот и по неговоото гасење повторно ќе биде овозможено преминување преку овој премин“,се вели во соопштението од МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин се додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и дека сообраќајот е нормализиран.