Затворен „Мош“: Забава со српски пејач без маски (ВИДЕО)

Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на ексклузивниот ланч бар „Мош“ во центарот на Скопје, објави Фактор.

Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за порталот рекол дека решението за затворање на познатиот скопски бар е од минатата недела, а кривична пријава има од синоќа по гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев.

Пауновски за Фактор испратил и видео од кое се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот.