Затворен ресторан во гостиварско поради организирање свадба со 120 гости

На 01.11.2020 во 18.50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, сопственост на М.И.(33) од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од с.Врапчиште, гостиварско, на која присуствувале околу 120 гости, информира МВР.

Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат излегле на местото на настанот и објектот бил затворен, а ќе следат и соодветни поднесоци.