Затворена штипската текстилна конфекција во којашто се зарзени шест работнички

Штипската текстилна конфекција во којашто се зарзени вкупно шест текстилни работнички ќе биде затворена неделава, а ако има потреба и повеќе оваа одлука ја донел сопственикот, за што го и информирал и општинскиот кризен штаб. Епидемиолозите од рано утринава земале уште девет брисеви, од коишто седум се поврзани со оваа конфекција.

Се прави е епидемиолошка анкета и на работничките од други две конфекции, коишто се превезувале во исти автобус со заразените работнички. Првичните сонанија говорат дека станува збор за дополнителни 10 лица. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Ирина Бухова рече дека сите контакти на заразените ќе се стават во изолација, а најави и надзор на автобусите на други конфекции.

Во однос на превозните средства ДСЗИ ќе изврши надзор во однос на хигиената во нив, обезбедени средства за дезинфекција на раце на лицата кои се превезуваат и динамика на дезинфекција на превозните средства – Ирина Бухова – Директор на ДЗСИ.

Кристина Ампева од Гласен текстилец уште од вчера препорача во трите фабрики, кои заеднички ги превезувале работниците да се користи годишниот одмор за да се спречи состојбата да излезе од контрола. Од страна на инфектолозите во тек е прегледот на работничките, со цел да се утврди дали лекувањето ќе биде во болнички или домашни услови.