Вкупната излезност во седумте избирачки места во ИЕ5 и ИЕ6 каде се прегласува денеска до 18 и 30 часот изнесувала 55,10%, се вели во информациите на сајтот на Државната изборна комисија. Гласале 2.487 избирачи од запишани 4.514 на списокот. Излезноста до 18 и 30 часот е најголема на место 1194 во Крушево каде гласале 69,30% избирачи, односно 469 лица.
Следно по излезност е гласачкото место 1844 во Струга каде гласале 62,68% од регистрираните избирачи, односно 753 лица.
Вкупната излезност во Изборната единица 5 е 55,13%, а во Изборната единица 6 изнесува 54,98%. Од седумте места каде се прегласува шест се наоѓаат во ИЕ5, додека во ИЕ6 се прегласува само во Желино. Таму до 18 и 30 часот гласале 546 избирачи, односно 54, 98%.