Една Британка е осудена на две недели затворска казна затоа што викала за време на секс и на друг начин им пречела на соседите.
Жената чии години не се наведуваат, веќе еднаш била опоменета поради врескањето за време на секс. Судијата во Окружниот суд во Бирмингем донела пресуда по новите поплаки од изнервираните соседи.
– Во првите часови на 29-ти јануари, 2015-та година, околу 5 часот наутро обвинетата урлала и викала за време на сексот со толку гласно што тоа им пречело на соседите, рекла судијката Ема Кели.
Соседот навел дека бучавата што го разбудила траела цели десет минути.
Обвинетата Џема, среде ноќ се расправала со нејзиниот пријател Вејн, псуела и ги трескала вратите. Жалба до судот упатиле станарите во зградата, каде живее обвинетата во социјален стан.
– Полудевме од неа. Сите соседи се сложија дека треба да ја исфрлиме. Од нејзиниот стан без престан влегуваат и излегуваат мажи. После тоа таа спие по цел ден. Ова се двете најлоши години во мојот живот, вели една сосетка за локалните медиуми.