Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека заврши конкурсот за пилоти.
Од таму појануваат дека на 22.02.2014 година за прием на извршители во хелихоптерската единица , се пријавиле вкупно 466 кандидати. Од нив 247 аплицирале по електронски пат преку веб страницата на МВР, а останатите доставиле документи во полициските станици. Од вкупниот број на пријавени кандидати 59 се жени.
Според информации од МВР, во наредниот период ќе отпочне фазата на селекцијата на кандидатите кои ќе бидат повикани за тестирање на нивните способности. Најпрво ќе следи фазата на административна селекција, потоа ќе следи проверка на моторичките способности, општообразовен тест, психолошки тест, тест за познавање на англискиот јазик и на крајот лично интервју.
Од МВР потенцираат сите кандидати што конкурирале на овој конкурс да ја одржуваат својата психо-физичка подготвеност.