Голманот на шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид, Тибо Курота, повторно се повреди откако на тренинг потешко го повредил менискусот на десното колено.
Иако Белгиецот е отсутен од терените од ланскиот август, кога ги скина вкрстените лигаменти на левото колено, се очекуваше дека ќе се врати во последните кола од тековната сезона. Сега е многу веројатно дека сезонава нема да заигра за Реал, а веројатно нема ниту да го брани голот на Белгија на годинешното Европско првенство во Германија.
Поради отсуството на Куртоа, тренерот на мадриѓаните Карло Анчелоти на голот го испрати Украинецот Андриј Луњин, кој доби предност во однос на Кепа Аризабалага кој во Реал дојде како позајмен играч од лондонски Челзи.
Водечката екипа во шпанското првенство и натаму е во игра за трофејот во Лигата на шампионите, а во четвртфиналето ќе се сретне со бранителот на титулата Манчестер Сити.