Пратениците во Собранието денеска ја завршија расправата за новиот состав на Комисијата за верификација на факти.
За член и претседател на Комисијата е предложен Томе Аџиев, кој и во изминатите три години беше прв лустратор, а за негов заменик е предложен Асан Лума. За членови на оваа комисија се предложени Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска.
Целта на лустрацијата, како што нагласи Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, е да се извадат досиејата од минатото.
Според Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ, со процесот треба да се даде можност луѓето да ја дознаат вистината зошто некои луѓе пателе, некои режисери и писатели напредувале, некои не…
Пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија истакна дека на Македонија и’ е потребна лустрациска комисија и процес на лустрација, но не ваков кој, според него, предизвикува тешки поделби.