Завршница на кошаркарскиот Куп на Македонија во „Кале“ од петок до недела

Вкупно десет натпревари ќе се одиграат претстојниот викенд во завршницата од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ во машка и женска конкуренција.

Ќе бидат поделени во три дена со тоа што в петок и сабота ќе се играат по четири меча, а в недела е завршницата, односно финалните дуели.

Првите два дена, програмата почнува точно напладне, а ќе заврши околу 21 часот. Натпреварите за трофеите се в недела од 17 и 19:30 часот, а целата програма е во големата сала на СРЦ Кале.

Кај мажите учествуваат осум, а кај дамите четири екипи. Пехарот во машка конкуренција го брани МЗТ Скопје, а во женска Баскет Кам.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
18. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
12.00: Пелистер – ТФТ (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (2)
17.00: Работнички – Феникс 2010 (3)
19.30: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП (4)

19. ФЕВРУАРИ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
12.00: Бадел 1862 – Струга 2009
14.30: Баскет Кам 2011 – Вардар

ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3

20. ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
17.00: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ