Заврши заложничката криза во Англија, осомничениот приведен

Британската полиција интервенираше во спортскиот комплекс во градот Нанитон во централна Англија и привела маж кој како заложници држеше двајца вработени, објави во неделата ноќта директорот на кугланата.

„Полицијата ја зазема зградата и вооружениот маж е уапсен и е одведен“, изјави за BBC, Мехди Афпар, директорот на кугланата во Нанитон.

Двајцата вработени биле заложници на вооружениот маж, за кој директорот рекол дека е партнер или поранешен сопруг на една вработена.

Полицијата брза објави дека не станува збор за тероризам и го потврди приведувањето на мажот, откако кугланата и околината биле евакуирани.

Во спортскиот центар „Бермуда Парк“, се наоѓа забавен парк за деца, ресторан, куглана, спортска сала и хотел.