
Легендарниот актер Никола Симиќ вчера во 14 часот беше погребан на градските гробишта во Белград. Неговото семејство, пријателите и колегите тивко и достоинствено се збогуваа од него.
Симиќ сите ќе го паметат по значајните театарски и филмски улоги. Една од нив е и улогата на Пантиќ во познатиот југословенски филм од 1982 година „Тесна кожа“.
Пред да биде испратен до вечното почивалиште во 12 часот во Југословенскиот драмски тетатар беше одржана и комеморација каде неговите колеги говореа за неговиот лик и делото.
На погребот присуствуваа и министрите за надворешни работи и туризам и телекомуникации на Србија, Ивица Дачиќ и Расим Љаиќ.
Актерот Никола Симиќ почина во неделата на 9-ти ноември на 80-годишна возраст.