За четири месеци стапува на сила новиот Закон за извршување според кој извршителот веќе нема да блокира сметка без претходно предупредување, што воедно ќе знаачи поголма заштита на ранливите категории граѓани. Законот предвидува и вонсудска наплата на долговите, односно лицата што должат, во предвиден рок од 15 дена ќе може да ја платат само сумата што ја должат, без дополнителни судски трошоци и блокирање на сметката.