Здравковски: Владата на Ковачевски е во слободен пад, покачувањето на минималната плата е чиста популистичка мерка

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски на собраниската комисија при расправата за манимална плата истакна дека покачувањето на минималната плата е чиста популистичка мерка на СДСМ кој што не важи за сите категории граѓани.

„Минималната плата може да се покачи по различни методологиии меѓутоа најчесто се покачува поради две причини, или поради две страни кои што го наметнуваат тоа едната страна е стопанството а другата е државата. Кога го прави топа стопанството тоа е економска мерка а кога го прави државата тоа е социјална мерка. Економската мерка е наменета за заштита на оние кои што имаат ниски примања, а ова што вие го правите во последните неколку години е социјална мерка, затоа што е чист популизам што низ бројки можа да се докаже„ истакна Здравковски.

Пратеникот Игор Здравковски додаде и дека средства во државата има но тие се лошо менаџирани и лошо распоредени.

„Наместо за капитални расходи, парите одат за непродуктивни трошоци и енергетската криза. Ако се менаџира добро, парите од договорни услуги кои се над 500 милиони евра и ако се откажат од удобностите функционерите на ДУИ, СДС и Алтернатива, тие средства би можеле да се префрлат за усогласување на колективните договори со министерствата. Така ќе има покачување на сите по коефициент на сложеност за 18,9% колку што расте минималецот во моментов“ рече Здравковски.