6.8 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

Здравковски: Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола Заев да го потпише договорот?

Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари за Макпетрол? – прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра.

Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра?

Дали можеби за најгласните “новинари” на Телма? Дали тие “новинари” се златниот штит на сите глупости на власта предводени од Зоран Заев?

Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола Заев да го потпише договорот?

Зошто се оди со закон во Собрание, а станува збор за договор помеѓу Владата и правно лице, што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија?

Прост одговор – Затоа што некои луѓе немаат кичма (пратениците од мнозинството), па голтаат се што им сервира нивниот вазал, иако правобранителот 4 пати одбива да потпише криминална одлука!