Зекири е убеден дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката

„Ако ЕУ остане со затворени врати за Македонија, не можеме со сила да ги отвориме, но можеме тие вредности да ги донесеме тука.“ – изјави Мухамед Зекири во вечерашното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24.

Во жестоката дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, Зекири потенцираше дека оваа влада направила многу за граѓаните одошто сега опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ, ја зголемила минималната плата и дека се асфалтирани многу автопатишта и верува дека Франција е свесна за грешката што ја направила. Тој ја посочи и ситуацијата со Косово и ЕУ:

„Ја изигравте Македонија, сега и нас сакате да не изиграте. Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка.“ – рече Зекири.

За аферата „Рекет“, Зекири одлучно изјави дека правдата сега важи за сите.

„Ако бев на местото на Ременски, веднаш ќе си поднесев оставка.“ – рече Зекири.

Во врска со предвремените парламентарни избори, Зекири потенцираше дека тие нема да се одложат. Тој вели дека ќе го почитува она што ќе реши во однос на тоа кој е биде технички премиер.