Зеленски ја повика Европа да го задржи единството и да ја ограничи цената на руската нафта на 30 долари

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика во петокот челниците на земјите во Европската унија да го задржат единството против руската војна и драстично да ја ограничат цената на руската нафта.

„Нема поделби, нема раскол меѓу Европејците и тоа мораме да го сочуваме. Тоа е наша мисија број еден годинава…. Европа си помага себеси. Не ѝ помага на Украина да се спротистави на Русија, тоа ѝ помага на Европа да се спротистави на руската агресија“, рече Зеленски во видео обраќањето на конференција во Литванија.

Челниците на владите на земјите во Европската унија во четвртокот беа поделени околу тоа на кое ниво да се ограничи цената на руската нафта, за наводно да се ограничи способноста на Русија да ја финансира војната бидејќи од нејзиниот почеток и поради тоа воведените антируски санкции од Западот, Москва неколкукратно ги зголеми приходите од извозот на нафта. Зеленски, така, ги повика челниците на ЕУ да го договорат најнискиот предлог од 30 долари за барел.

„Намалувањето на цената е многу важно. Слушаме за (предлози горната граница по бара да се постави на) 60 или 70 долари. Таквите зборови повеќе звучат како отстапка (за Русија)“, рече Зеленски.

„Но многу сум им благодарен на балтичките и полските колеги на нивните предлози, сосема разумни, цената да се ограничи на 30 долари по барел. Тоа е многу подобра идеја“, рече украинскиот претседател.

Полска сака горната граница да изнесува 30 долари, со аргумент дека руските трошоци за производство кои ги процениле на 20 долари по барел според предлогот на Г7 би ѝ овозможил „премногу“ профит на Москва. Литванија и Естонија ја поддржаа Полска.

Членките на ЕУ во средата не успеаја да постигнат договори за ограничувањето на цената на руската нафта, бидејќи земјите се поделени во рска со предлогот на групата Г7, која под инстистирање на САД ја лансираше идејата за ценовниот плафон, за ограничување на ниво од 65 до 70 долари по барал.

Таа цена би требало да ја стимулира Русија да не го запира производството и извозот што би предизвикало силни потреси на меѓународните пазари на нафтата, но да ги ограничи нејзините приходи за да не може да ја „финансира својата војна“ во Украина.

Меѓутоа од Кремљ во четвртокот повторија дека Русија ќе ги запре сите испораки на нафта и гас по која и да е цена за земјите коишто ќе се придружат на ограничувањето на цената на нејзината нафта и гас.