Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во саботата дека бунтот на платеничките сили на „Вагнер“ го разоткрил целосниот хаос во Русија.
„Денес светот можќе да види дека господарите на Русија не контролираат ништо. Едноставно целосен хаос. Отсутност на секакав предвидливост“, изјави Зеленски во своето редовно ноќното видео-обраќање.
Истакна дека Украинците нема да молчат, нема да останат неактивни како и дека „безбедноста на источното крило на Европа зависи исклучиво од нашата одбрана“.
Му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин на руски јазик кој Зеленски го зборуваше во текот на целата својата актерска кариера и на кој ја сними серијата „Слуга на народот“ по која стана славен и ја даде идејата да се кандидира за претседател на Украина за што кампањата ја водеше на руски јазик, а украинскиот целосно течно да го говори го научи и почна да го зборува дури откако стана претседател.
„Колку подолго вашите војници останат на украинска земја, толку поголеми разорувања ќе ѝ донесат на Русија. Тој знае од што се плаши, бидејќи сам ја создаде оваа закана. Сето зло, сите загуби, сета омраза – тој е оној што ја шири“, рече Зеленски.
Додаде дека „сите руски бандити, платеници и олигарси“ виделе колку е лесно да се „окупираат руските градови“.
Украинскиот претседател уште еднаш ги повика западните партнери да ја поддржат Украина и да и помогнат да ја „заштити Европа“ со авиони и оружје.
Украинската војска во саботата доцна ноќта соопшти дека нејзините сили напредувале во близина на Бахмут, едно од жариштата на борбите на источниот фронт, и во област појужно, а агенцијата Reuters забележува дека тврдењата не може да се потврдат од независни извори.
Заменик-министерката за одбрана Хана Малјар објави на платформата Telegram дека офанзивата била започната во близина на група села околу Бакмут, град кој минатиот месец го освоија платеничките сили на „Вагнер“ по неколкумесечни борби.
„Постигнавме напредок во сите овие области“, тврди во објавата Малјар.
Олександар Тарнавски, командант на Таврија или јужниот фронт, вели дека украинските сили ослободиле област во близина на Красногоривка, западно од регионалниот центар Доњецк, кој е под контрола на Русија. Тој рече дека областа била под руска контрола откако сепаратистичките сили поддржани од Москва ја презеле контролата врз неа во 2014 година.