Украинскиот претседател Володомир Зеленски во вторникот ги посетил маринците на источното боиште за да им се заблагодари на нивната улога во одбраната од руската инвазија.
Видеоснимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат Зеленски, облечен во воената каки униформа, како дава награди на десетици војници меѓу кои и жени од морнаричката пешадија во борбена опрема на Денот на украинските маринци.
„Среќен Ден на маринците, особено на толку силните луѓе ки се наоѓаат во еден од најжешките но и најсилни сектори – потегот Угледар-Марјанка“, вели Зеленски.
Зеленски, исто така, одликуваше команданти на неколку марински единици. Притоа рече дека украинската влада ќе создаде специјален марински корпус и вети дека ќе обезбеди нови оружја и опрема, откако овој корпус претрпе тешки загуби во борбите за јужниот пристанишен град Мариупол и блискиот индустриски комплекс „Азовстал“ ланскиот мај.
Украинската војска во својот дневен извештај наведува дека нејзините сили одбиле повеќе непријателски напади врз градот Марјанка, кои се наоѓа на административната граница на источниот доминантно руско и рускојазичен регион Доњецк, кој е речиси целиот под контрола на проруските сепаратисти уште по превратот во Киев во 2014 година.
Жестоки борби се воделе во овој регион, еден од четирите со мнозинско руско население кои ланскиот септември одржаа референдуми со кои се определија за присоединување на Русија, што Украина и нејзините сојузници ги сметаат за „лажни“.