Зеленски и Георгиева за „повоената обнова“ на Украина

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави во неделата дека разговарал со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF), Кристалина Георгиева, за „финансиската стабилноста“ и „повоената обнова“ на Украина.

„Разговарав со директорката на ММФ, Гоергиева, за обезбедување финансиска стабилност на Украина и за подготовките за повоената обнова. Засега имаме јасни планови, како и визии на перспективи. Сигурен сум дека соработката меѓу ММФ и Украина и натаму ќе биде плодна“, објави Зеленски на Twitter.

Украинскиот премиер Денис Шмигал претходно најави дека седмицава ќе присуствува на годишните редовни состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и на Свеската банка во Вашингтон, како и дека ќе бара дополнителна финансиска помош за Украина.