Денес имаме добри вести. Нашите бранители напредуваат во Кијивската област, ја враќаат контролата над украинската територија. Ирпин беше ослободен. Браво дечки! Благодарен сум на секој и на секоја – на сите, кои работеа за овој резултат. Окупаторите се одвратени од Ирпен. Ги одвраќаат од Кијив. Сепак, рано е да се зборува за безбедност во овој дел од нашиот регион. Воените дејствија продолжуваат. Руските трупи го контролираат северот на Кијив, имаат ресурси и жива сила. Се обидуваат да ги обноват искршените единици. Нивото на нивните загуби, дури и на 90%, не е аргумент за нив да престанат. Стотици и стотици единици изгорена и напуштена непријателска техника не ги убедуваат дека тоа ќе им се случи на сите. Чернигив, Суми, Харкив, Донбас, јужна Украина – ситуацијата насекаде останува напната, многу тешка, истакна денеска Украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Тој посочи дека ова е безмилосна војна против нивниот народ, против нивните луѓе, против нивните деца.
– Заклучно со овој ден се знае дека починале 143 деца. Мариупол останува блокиран. Руските војници денеска не дозволија да се организира ниту еден хуманитарен коридор, не дозволија „молк“. Затоа, ситуацијата сега мора да се согледа на избалансиран, мудар начин. Колку што е тоа можно. Без преголема еуфорија од успехот. Но и без самосугестија. Сè уште ни треба време. Сè уште ни треба оружје. Треба уште да се бориме, мора да бидеме трпеливи. Не смееме да ги разгоруваме емоциите сега. Не смееме да ги преценуваме очекувањата. Само за да не изгориме. Разговарав со лидерите на земјите-партнери. Беше многу активен дипломатски ден. Премиерот на Обединетото Кралство Џонсон, Премиерот на Канада Трудо, Канцеларот на Германија Шолц, Премиерот на Италија Драги и Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев. Се договоривме со Британија за уште поголема поддржка на нашата одбрана и зајакнување на санкциите против Руската Федерација. Канада, исто така, поддржува построг одговор од светот на катастрофата што ја создадоа руските трупи во украинските градови. Во разговорот со германскиот Канцелар Шолц, исто така посветив значително внимание на потребата да се зголеми санкциониот притисок врз Русија. Му се заблагодарив на Претседателот на Азербејџан за хуманитарната поддршка што ѝ ја дава на Украина, го информирав за состојбата на териториите каде што влегоа руските војници. Италија се согласи да стане еден од гарантите на безбедноста на Украина во соодветниот нов гарантен систем што го развиваме. Оваа активност ќе ја продолжам утре. Ќе разговарам со други светски лидери. Ќе работам со меѓународни организации, со народите од Европа и светот. Украина не може и нема да се согласи со пасивните санкции на некои субјекти кон Русија. Не треба да има „суспендирани“ пакети санкции – велејќи дека ако руските војници направат нешто, дури тогаш ќе има некаков одговор … Ја поминавме оваа приказна минатата година кога рековме дека се потребни силни превентивни санкции против Русија за да се спречи инвазија. Превентивниот пакет не беше направен. Војната од големи размери започна. Сега има многу навестувања и предупредувања дека санкциите ќе бидат заострени, како што е ембаргото на испораките на руска нафта во Европа, доколку Русија употреби хемиско оружје. Едноставно нема зборови. Размислете само на што се сведува сето ова. Чекање на хемиско оружје… Ние, живите луѓе, треба да почекаме… И зарем сето она што руската војска го прави до тоа и веќе го направи, на заслужува ембарго за нафта? Фосфорните бомби не заслужуваат? Зарем не заслужуваат гранатираното хемиско производство или гранатираната нуклеарна централа, појасни Зеленски.
Тој вели дека за нив е важно пакетите санкции да бидат доволно ефективни и сериозни, со оглед на тоа што веќе се прави против Украина од страна на Руската Федерација.
– Ако пакетите санкции се слаби или не функционираат доволно, ако можат да се заобиколат, тоа создава опасна илузија кај руското раководство дека може да продолжи да си го дозволи она што го прави сега. А Украинците тоа го плаќаат со живот. Илјадници животи. Затоа, почнувајќи од оваа недела, создаваме група експерти во Кабинетот на Претседателот – украински и меѓународни, кои постојано ќе ги анализираат воведените санкции против Русија – на што тие навистина влијаат. Нашата цел е санкциите да функционираат како што е предвидено. За да нема ниедна можност да се заобиколат. Тоа мора да биде цел на целиот демократски свет, без ниеден исклучок. Ниеден. Во текот на неделата ќе зборувам пред парламентите на земјите партнери: Данска, Норвешка, Холандија, Грција, Австралија. Важно е тоа дека говорите не се само пред политичари, тоа се говори пред општества. Пред милиони луѓе кои сакаат да ја слушнат Украина и се подготвени да ја слушнат за да помогнат и поддржат. Кои чувствуваат дека се бориме за нашата заедничка слобода. Една за сите луѓе на нашата земја. Секаде ќе нагласувам дека никој нема право да ги користи животите на Украинците за да спасат некаков си приход во Русија или заеднички со Русија. И Украинците не треба да умрат само затоа што некои не можат да најдат храброст да и го предадат потребното оружје на Украина. Стравот секогаш ве прави одговорни. Ако некој се плаши од Русија, ако се плаши да ги донесе неопходните одлуки кои се важни за нас, вклучително за да добиеме авиони, тенкови, потребна артилерија, гранати, тогашт тоа ги прави овие луѓе одговорни за катастрофата што ја направија руските трупи во нашите градови. Затоа што ако можеа да спасуваат, мораа да спасуваат. Народите во Европа, народите во светот сигурно ќе ме слушнат и поддржат. А сите политичари вреди сега да размислат што ќе им остане не одговараат на положбата на својот народ. И, на крај. Веќе традиционално, дециден е Украинскиот претседател.
Тој информираше дека непосредно пред да го напише ова обраќање до Украинците, потпишал два важни укази за доделување државни награди на војниците на Вооружените сили на Украина. На барање на нашиот Врховен командант наградени се 302 Украински бранители.
– Ви благодарам за вашата служба на сите вас! Слава на сите наши херои! Слава на Украина, додаде Зеленски.