Зеленски му додели орден на Талат Џафери

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, награди неколку лица со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“, а меѓу наградените се најде и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Орденот се доделува поради „значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверентитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.

Покрај Џафери, меѓу наградените се најде и претседателот на Бундестагот, Бербел Бас, потоа претседателот на Собранието на Норвешка, како и претседателите на парламентите на Ирска, Швајцарија, Франција, Летонија, Естонија, Литванија, на Хрватска…