Зеленски на состанок со армискиот врв, разговараа за производство на дронови и системи за електронско војување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа тричасовен состанок на кој со високи претставници на војската и владата разговараше за производство на беспилотни летала и системи за електронско војување.

Зеленски рече дека агендата на состанокот вклучувала разговори за плановите за производство за 2024 година за „сите видови беспилотни летала“, вклучувајќи беспилотни летала бомбардери, извидувачки дронови и „дронови со долг дострел за специјални мисии“.

„Учесниците, исто така, дискутираа како да се обезбеди флексибилност на одбранбената индустрија“, бидејќи потребите на фронтот постојано се менуваат“, рече Зеленски.

На состанокот, додаде тој, „беа донесени одлуки за поедноставување на постапката за набавка, увоз на опрема, зголемување на производството за беспилотни летала и обука на оператори“.

„Украина, исто така, гради комплексен систем за управување со средства за електронско војување за да ги заштити војниците и опремата од руски беспилотни летала, кој веќе се тестира на фронтот“, рече Зеленски.

Тој посочи дека армијата планира да го „прошири проектот на целиот фронт“.