Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во ексклузивното интервју за француската агенција AFP дека очекува и се подготвува за поширока руска офанзива на север и исток со цел да го заземе Харков, региони каде Москва продолжува со силни напади и постепени напредвуањеа што започнаа на 10-ти мај.
„Тие започнаа операција која може да биде составена од неколку бранови, и овој е првиот“, рече Зеленски во периодот кога неговити западни воени сојузници тврдат дека Русија ја започнала својата најголема кампања за територијално освојување од крајот на 2022 година.
Сепак, Зеленски смета дека, иако Русија во последните денови напредува во регионот околу Харков, ситуацијата за украинските воени сили е подобра отколку пред една седмица кога руските војници ненадејно ја преминаа границата.
Зеленски смета дека Русија сака да го нападне Харков, град кој е оддалечен само неколку десетици километри од фронтот, но е познат како центар на украинската ракетна индустрија населен со доминантно руско и рускојазично население во кој имаше жестоки судири при превратот во Киев во март 2014 година кога новите прозападни украински власти, како и во Одеса и Мариупол ги испратија главнините на лојалните единици предодени од доброволечките националистики екстрмно-денисчарски баталјони од западниот дел на земата.
Воените аналитичари сметаат дека поради тоа што Москва градот Харков го смета за руски, нема да го повтори разорувањето како во Мариупол, туку ќе оди на стратегија на опколување со ограничени борбени акции. А рускиот претседател Владимир Путин во петокот рече дека во моментов Русија нема намера да изрши напард врз Харков. Главната цел на руската офанзива во Харковскиот регион, рече Путин, е да се одговори на нападите на украинските воени сили врз руска територија во последните месеци насочени кон цивилна инфраструткрура со десетици цивилни жртви и да се создаде тампон зона која треба да ги спречи овие напади.
Русија го користи недостигот од жива сила и слабата обученост на украинската војска да ракува со напредното оружје коешто на Киев му го испорачуваат западните сојузници. Притоа, воените аналитичари забележуваат дека украинската војска не успеала да воспоставви црвста одбранбена линија, а руската армија ја сменила тактиката и дејствува во мали мобилин борбени групи.
Во интервјуто за France Presse, Зеленски призна дека на Украина ѝ недостагаат војници. „Има прилично голем број бригади на кои им недостигаат луѓе“, рече тој.
Поширока мобилизација и регрутирање на затвореници
Соочен со оваа ситуација, Киев донесе контроверзен закон, кој стапи на сила веќе во саботата, а неговата цел е да се забрза воената мобилизација со намалување на возраста за отслужување воен рок од 27 на 25 години. Во петокот, Зеленски, исто така, потпиша закон со кој се дозволува регрутирање на затвореници во замена за условно ослободување.
Украинскиот претседател изрази жалење што поседува само една четвртина од противвоздушните одбранбени системи кои објективно му се потребни на Киев и додаде дека му се потребни и 120 до 130 американски борбени авиони „F-16“, мислејќи на помошта од Западот.
Русија во саботата објави дека го освоила селото Старица во областа Харков во близина на Вовчанск, град на околу педесет километри од Харков, што им гарантира на руските сили „понатамошен напредок длабоко во позициите на непријателската одбрана“.
Речиси десет илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во регионот Харков, соопштија претходно украинските власти.
„Вкупно 9.907 луѓе се евакуирани од овој регион досега“, изјави во саботата гувернерот Олех Синјехубов, но признавајќи дека значителен дел од тамошнто населние и одбива да биде евакуирано. Додава дека украинските вооружени сили одбиле два обида да ја пробијат одбраната во текот на ноќта. Тој, исто така, рече дека ситуацијата е „под контрола“ и дека „бранителите пребаруваат одредени области“.
Од крајот на 2022 година, Москва успеа да постигне најголем територијален напредок за само една седмица. Во тој период освои околу 257 кадратни километри само во регионот Харков, според податоците што AFP ги презема од Американскиот институт за проучување на војната (ISW).