Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот колега Џо Бајден во скоро време да ја посети Украина, во телефонски разговор одржан во неделата, соопшти неговиот кабинет во Киев.
Убеден сум дека вашето пристигнување во Киев во наредните денови, кои се клучни за стабилизирањето на ситуацијата, ќе биде силен сигнал и ќе придонесе за деескалација, му рекол Зеленски на Бајден, се вели во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател. Очекуваме ова да помогне да се спречи ширењето на паниката.
Зеленски претходно изрази незадоволство од постојаните процени за војна и рече дека таквите предупредувања имале негативен ефект врз економијата и националната валута. Тој побара да ги види доказите што ги поткрепуваат тврдењата дека Русија има намера да ја нападне Украина во рок од неколку дена.
Белата куќа одби да го коментира повикот.