Зеленски: Руските амбиции се од Варшава до Софија

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата ја повика Европската унија да ѝ овозможи на неговата земја почеток на пристапување кон блокот, во неговиот драматичен стил предупредувајќи дека „руските територијални амбиции стасуваат од Варшава до Софија“.

Во видео обраќањето пред двата дома на чешкиот парламент Зеленски повика и на нови санкции „против Русија поради инвазијата врз Украина“.

„Русија не е заинтересиран само за наш Мариупол, Северодоњецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се насочени на големо подрачје, од Варшава до Софија“. Како и во минатата, руската инвазија врз Украина е првиот чекор кој му е потребен на руското водство да си отвори пат кон другите европски држави, за освојување на другите народи“, го цитира Зеленски агенцијата Reuters која забележува дека украинскиот претседател не дал докази за овие негови тврдења.

ЕУ воведе шест кругови санкции против Русија, а Украина инсистира и неа седми кој би била според неа сеопфатен и целосно би ја изолирал Москва со засилен притисок надевајќи дека така ќе ги запре воените дејствија.

Се очекува дека Европската комисија до крајот на седмицата ќе ја објави одлуката за барањето на Киев за статус кандидат за членство, пред самитот на ЕУ следната седмица. Постигнувањето статус кандидат е првиот чекор кон долгиот пристапен процес.

„На Украина да ѝ се даде статус кандидат сега би претставувало доказ дека европската обединување е вистинско, дека европските вредности навистина дејствуваат, а не дека само се наведени во некои документи.“, додаде Зеленски.

Порача дека Чесите по нацистичката окупација и децениите советска доминација „знаат каде води компромисот и што се случува по отстапките на тиранијата“. „Личноста којашто сака да освои сѐ никогаш нема да запре откако ќе добие само дел од она што го сака“, рече Зеленски.