Зеленски санкционираше над 190 Руси и 291 компании

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата потпиша указ за воведување санкции во траење од 10 години за 192 лица, главно руски државјани.

Најновите санкции погодуваат и 291 правен субјект, вклучително и руски фабрики и бизниси.

На црната листа се најдоа и белоруски, грузиски и казахстански компании.