Украинските преговарачи ќе се повлечат од мировните разговори со Москва ако Русија ги убие украинските војници кои сè уште се засолнети во железарницата Азовстал во Мариупол, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ако нашиот народ биде уништен во Мариупол, ако се распише референдум, псевдореферендум во која било нова псевдорепублика на Украина, Украина ќе се повлече од каков било процес на преговори“, рече Зеленски.
Пред два дена Москва најави заземање на Мариупол. Сепак, претседателот Владимир Путин го прекина нападот врз фабриката Азовстал, која останува последното задржување на украинските сили, вклучително и борците на неонацистичкиот полк Азов, во стратешкиот пристанишен град. Руските трупи треба „да ја запечатат областа за да не може да помине мува“, нареди Путин наместо тоа.
Зеленски, призна дека во моментот Украина не е во состојба воено да го врати Мариупол и дека тамошните борци се свесни за тоа.