Зеленски со декрет исклучи секакви преговори со Путин

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вторникот потпиша декрет со кој формално ги прогласува „невозможни“ секакви преговори со рускиот претседател Владимир Путин, но остава отворена врата за „преговори со Русија“.

Кремљ уште на почетокот од војната порача дека можна средба меѓу Путин и Зеленски и потпишување на какови и да е документ за мир со Киев, е возможно дури откако преговарачите ќе го договорат и прецизираат договорот.

На почетокот од септември украинскиот претседател Владимир Зеленски официјално ја распушти украинската делегација во трилатералната Контакт група, што се обидува да воспостави мир во источна Украина. Благодарение на Контакт групата, составена од претставници на Русија, Украина, ОБСЕ, водени се преговори на различни нивоа во рамки на Нормандиската четворка – Русија, Украина, Германија, Франција. Резултатот беше потпишување договор за патоказ за мирно решение и прекин на огнот во Донбас во септември 2014 и февруари 2015 година, познат како Мински договори, чиешто непочитување од страна на Киев беше едно од образложенијата на Москва за почетокот на нејзината инвазија во Украина за која вели дека има цел да го заштити тамошното руско и рускојазично население од наводно подготвената воена офанзива на украинската војска.

Сега со споменатиот декрет се формализираат коментарите на Зеленски од петокот откако Путин ги потврди указите со кои четирите мнозински руски и рускојазични украински региони, по тамошните референдуми кои не ги признаваат Киев и Западот, се присоединуваат на Руската Федерација.

„Тој (Путин) не знае што е достоинство и чесност. Затоа подготвени сме за дијалог со Русија, но и со друг руски претседател“, изјави Зеленски во петокот продолжувајќи ги западните напори од изминатите години да се предизвика незадоволство во Русија смена на власта во Москва.

Седумдесетгодишниот Путин според уставните реформи коишто ги донесе Думата пред две години и минаа на референдум може уште двапати да се кандидира за претседателската должност, и потенцијално да остане на функцијата до 2036 година.

 

Преговорите меѓу Москва и Киев започнаа неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон,

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситауцијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според неодамнешниот коментатор на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседба држава, ја призна трансфорамцијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговоарачи по средбата во Истанбул се договоерија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека (рускиот претседател Владимир) Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави на 5-ти мај весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.