Зеленски: Спремни сме на компромис со Русија околу НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да преговара за повлекување од влезот на Украина во НАТО доколку Русија се согласи на прекин на огнот, повлекување на руските сили и безбедносни гаранции во Украина.

– Тоа е компромис за сите. За Западот, кој не знае што да прави со нас во однос на членството во НАТО, за Украина, која бара безбедносни гаранции и за Русија, која не сака понатамошно проширување на НАТО – рече Зеленски.

Тој го повтори своето барање за директен разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

– Без разговор со Путин, невозможно е да се знае дали Русија воопшто сака да стави крај на војната – рече Зеленски.

Но, тој претходно рече дека секоја голема промена, која ќе биде воведена во украинските закони, ќе треба да биде потврдена на референдум.