Секојдневните борбени загуби на Украина во жива сила се околу 60 до 100 загинати и околу 500 ранети војници, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски и додава дека Киев не е подготвен на никакви територијални отстапки во полза на Русија во интервјуто објавено во вторникот на телевизиската станица Newsmax.
„Ситуацијата на истокот (на Украина) е многу тешка. Секој ден губиме меѓу 60 и 100 убиени војници и околу 500 ранети во борбите“, вели Зеленски во интервјуто.
Зеленски додава дека украинските сили во источниот дел на земјата „го одржуваат одбранбениот периметар“, а во регионот на Харков „изведуваат противнапади и вршат притисок“.
Во продолжение на интервјуто Зеленски потенцира дека Украина нема намера да отстапи свои територии, но може да се разговара за сложената ситуација поврзана со нив.
„Ние не сме подготвени да отстапиме од која и да е наша територија, бидејќи тоа е нашата независност, нашиот суверенитет., Но со некои територии постојат извесна сложеност, детали. А таквите сложени позиции може да се разговара“, вели украинскиот претседател.
Зеленски додаде дека „ваквите дискусии се неопходни за да започне решавањето на тие тешкотии и предизвиците преку дипломатски канали, во спротивни ништо нема да се постигне“.