Зеленски: Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека за „деокупацијата“ на Крим нема алтернатива, не само за Украина, туку и за целиот свет.

– За редот во светот врз основа на конвенциите и Повелбата на ОН, а не на криминалните навики на убијците, силувачите и разбојниците што Русија се обидува да ги шири – рече Зеленски.

Според Зеленски, Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.