
Украина мора да биде „подготвена“ на границата со Белорусија, која е во сојуз со Русија, иако од соседната држава засега доаѓаат само „силни изјави“, изјави во средата украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Заеленски во текот на посетата на областа на западниот град Л’вов разговарал со тамошните локални функционери за безбедносната ситуација на северозападот од Украина и заштитата на тамошната граница.
„Разговаравме за заштита на државните граници, состојбата на границата со Белорусија и мерките против субверзивните активности во таа област“, рече Зеленски.
Неговиот кабинет објави снимка од состанокот за координација и соопшти дека претседателот, исто така, учествувал на свеченоста во знак на сеќавање на украинските војници кои загинале во борбите на почетокот од руската офанзива кон крајот на ланскиот февруари.
Киев, кого Минск го обвини за повеќе провокации во пограничната област од почетокот на годинава стравува дека Белорусија може, покрај тоа што наводно ја отстапила својата територија за изведување операции на руската инвазија и да преземе поактивна улога во војната. Последните денови украински функционери за западните медиум, во контекстот на новите барања на дополнително оружје од Западот, велат дека Русија и можела во јануари да започне нова офанзива кон главниот град Киев, и тоа од територијата на Белорусија. Загриженоста во Киев расте и поради маневрите на заедничките руско-белоруски маневри, откако во октомври беше основана заедничка групација војски со околу 7.000 војници.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да заземат помал град и да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белоруската влада. Во исто време, Државниот граничен комитет на Белорусија постојано бележи провокации од Киев. Пријавено е дека Украинците минирале патишта и мостови, вршеле зголемени патроли и соборувале беспилотни летала на вооружените сили на Украина на територијата на Белорусија.
Во денешната објава на Telegram, Зеленски не ги коментираше информациите за ситуацијата на источното боиште, каде што уште во вторникот вечерта британското Министерство за одрана објави дека стратешкиот град Соледар во одметнатиот регион Доњецк многу „веројатно“ паднал под контрола на руската војска.
Во средата рано утрото руската воена приватна компанија „Вагнер“, чии борци се најбројни во борбите за Соледар и блискиот град Бахмут (Атремовск) го контролираат Соледар но дека сѐ уште се водат улични борби.
Украинската војска косо ги негираше тврдењата од Русија, а Серхиј Череватји, портпарол на Источната воена команда, за украинската телевизија рече дека украинските сили не ѝ дозволиле на руската војска за пробој на нивната прва одбранбена линија.