
Пет команданти на злогласниот неонацистички полк Азов ќе останат во Турција додека не заврши конфликтот меѓу Москва и Киев, потврди во четвртокот украинскиот претседател Влодимир Зеленски на Фејсбук. Сите петмина неодамна беа предадени од Русија како дел од големата размена на затвореници со Украина, пишува РТ.
„Се договоривме петтемина ослободени команданти на Азов да останат во удобни услови во Турција до крајот на војната и да можат да се видат со нивните семејства“, рече Зеленски во објавата. Претходно тој изјави и дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им понудил заштита.
Во четвртокот, Зеленски му се заблагодари на турскиот лидер за неговата „водечка улога“ во посредувањето во размената на затвореници.
Сите пет команданти на Азов беа заробени од руските сили и милициите од Донбас пролетта по долгата опсада на фабриката за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол во Азовското Море.
Русија ги предаде петте команданти заедно со повеќе од 200 украински војници, вклучително и повеќе од 100 членови на украинскиот баталјон Азов, чии редови вклучуваат борци со отворено националистички и неонацистички ставови.
Во размената учествувале и десет странски државјани кои биле заробени додека се бореле заедно со украинската армија. Британската премиерка Лиз Трус потврди во средата вечерта дека се ослободени петте заробени државјани на Велика Британија кои се бореле заедно со украинските војници. Двајца од нив беа осудени за воени злосторства од страна на судот во Доњецката Народна Република и осудени на смрт. Странците веќе пристигнаа во Саудиска Арабија, која беше и посредник при размената.
Киев ослободи 55 војници од Русија и Донбас во замена, соопшти руското Министерство за одбрана. Размената на затворениците беше потврдена еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна мобилизација на резервистите.