![Zelenski F-16 Rute](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Zelenski-F-16-Rute.jpg?resize=696%2C469&ssl=1)
Украинскиот претседател Володомир Зеленски пристигна во неделата во посета на Холандија во настојувањето да издејствува зајакнување на украинските воздухопловни сили, неколку дена откако САД дадоа писмена гаранција по барањето на Холандија и Данска дека ќе им одобрат на трети земји испораки на борбените авиони „F-16“ од американско производство откако ќе бидат за тоа оспособени украинските пилоти.
Холандија, заедно со Данска, последните неколку месеци се обидуваат да ја заживеат коалицијата од 11 земји за испорака на авионите „F-16“ на Украина и да се увежбуваат украинските пилоти за летање на нив.
Двете земји, според отворени извори, располагаат со околу 60 функционални летала „F-16“ и десет такви авиони за обука. Според податоците на министерството за одбрана, Холандија во функција има 24 авиони од моделот „F-16“ кои постепено ќе бидат повлечени од употреба до средината на 2024 година. Уште 18 авиони произведени од американскиот концерн „Lockheed Martin“ се достапни за продажба, од кои 12 се веќе продадени но сѐ уште не дефинитивно.
Украина се надева дека Холандија би можела да ѝ ги предаде авионите „F-16“, бидејќи холандските вооружени сили преминуваат на повеќенаменските американски ловци од последната генерација „F-35“.
Вашингтон ја одобри испораката дури откако ќе заврши обуката на украинските пилоти за летање на американските авиони за која засега не е одреден датумот. Во Киев се надеваат дека американските авиои ќе ги добијат до крајот на годинава или следната пролет.
„Главното прашање за Украина се авионите F-16 за да го заштитиме нашиот народ од рускиот терор. Сѐ посилни сме“, тврди Зеленски во објава на Telegram иако противофанзивата започната на почетокот од јуни и според оцените на западните сојузници на Киев не ги дава посакуваните напредување.
На дневнот ред на посетата на Холандија, додава Зеленски, се и Глобалниот мировен самит и „приведувањето на Русија пред правдата“.
Зеленски се среќава со холандскиот премиер на заминување Марк Руте во воената воздухопловната база во Ајндховен, соопшти кабинетот на Руте без да навлегува во поединости околу разговорите со Зеленски.
Руте во мај изјави дека Холандија „сериозно ја разгледува“ испораката на борбените авиони „F-16“ во Украина. Меѓутоа, до денес воопшто не е соопштено колку авиони би добил Киев и кога.
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников во саботата доцна вечерта тврдеше дека започнала обуката на украински пилоти на афионите „F-16“, но додаде дека таа ќе трае најмалку шест месеци а можеи и подолго, бидејќи освен што станува збор за комплицирана обука на пилотите треба да се обучат и инженерите и механичарите кои треба да ги одржуваат леталата.
Обуката на украинските пилоти за летање на „F-16“ ќе се одвива во Данска и во Романија, рекле за Reuters извори од коалицијата на 11-те земји.
Зеленски во саботата во текот на посетата на Шведска, каде што разговараше за можноста да добие борбени авиони „Gripen“ кои ги произведува шведскиот концерн „Saab“ но официјален Стокхолм воопшто не ги коментираше изјавите на украинскиот колега во тој контекст.