Заев ги донесе земјоделците на дното, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На Фејсбук тој објави сведоштво на земјоделци.
-Оризопроизводителите се измамени, излажани и манипулирани, а кажувањето на вистината е забрането од власта. Ова не значи силна власт, туку исплашена и слаба власт во заминување. Народот памети, и народот ќе го испорача своето на следните парламентарни избори, порача тој.