
Тлото под Загреб и околината и вечерва се тресеше. Ова беше четрвти земјотрес во Хрватска во последните 60 часа.
Новиот земјотрес бил со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала. На сајтот од ЕМСЦ објавено е дека епицентарот на потресот бил на само 26 километри од централното подрачје на хрватската престолнина кај Глина.
Потресот во Загреб е регистирана во 20.43 часот и според најновите информации потресот бил на длабочина од пет километри.