Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека утрото во средата 5,37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Глина.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) Емсонаведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина.
Според EMSC, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во Загреб.
Медиумите пренесуваат дека потресот бил почувствуван и во северозападниот дел на Босна и Херцеговина.