Земјотрес почувствуван во неколку градови во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер на 11.5.2021 година регистрираше земјотрес со епицентар 170 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

„Земјотресот се случи во 23 часот и 31 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML4.7. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во соопштението.