Земјотрес повторно ја потресе Битола попладнево

Нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола и со јачина од 3,1 степени по Рихтер, регистриран е попладнево.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), ЕМСЦ земјотресот бил на длабочина од 1 километар.

Синоќа по серијата земјотреси во Лерин, Грција, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер, во Битола беа забележани распукани внатрешни и надворешни ѕидови на објекти, поради што општината бара  помош и од Владата за да се санираат штетите од силните потреси.