Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди југоисточниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на 29 километри североисточно од Синџик.

Градот, кој е претежно населен со Курди, се наоѓа во покраината Адијаман, во југоисточниот дел на Турција.